Услови и правила

Ве молиме прочитајте ги внимателно условите за користење, бидејќи вашето користење на сервисот значи прифаќање на истите.


Ваша заштита

Како продавач: Физичко лице

Не бараме од вас улица и број, поради ваша безбедност. На пример, доколку некој сака да украде кола, или дел од кола, прикажувањето на улица и број на такви луѓе не е добра идеја. Но ни треба градот што претставува поширок регион и ви дава одредена сигурност. Се работи за коли, и пазарот за коли е специфичен пазар кој е различен од другите продажби како телефони на пример, па затоа сметаме дека поширок регион е доволно за одреден потенцијален купувач да добие идеа каде се наоѓа колата. Доколку купувачот ве контактира, на вас оставаме да се договорите каде евентуално би се сретнале


Како продавач: Фирма/Плац

/


Ние им забрануваме на сите макретинг агенции да го користат вашиот телефонски број за да ви се јавуваат или да ви испраќаат промотивен материјал од било кој вид.

Исто така

  • Не зачувуваме податоци во врска со вашата кредитна картичка.
  • Нема да ги продаваме вашите информаци на трета страна, ниту да ги користиме за комерцијални цели
  • Ние никогаш нема да ја прикажеме вашата е-пошта јавно на страната. Но, доколку некој ве контактира преку контакт формата, и вие му одговорите, вие всушност му ја откривате вашата е-пошта на тој што ве контактирал

Регистарски таблици

Не ги бараме да ги внесете. Доколку сакате, можете да ја замаглите регистарската таблица со специјален софтвер како фотошоп или паинт. Во иднина и ние ќе овозможиме софтвер за замаглување на бројот на таблицата

Бришење податоци

Доколку го избришете огласот, сите податоци ќе бидат избришани, вклучувајќи ги описот, насловот, сликите. Некои информации може да бидат употребени, како на пример Ауди А4 Дизел од 2010 година, просечна цена ХХХХ евра, така што ќе бидат изработени статистики, не користејќи никакви приватни податоци за продавачот. Само технички податоци за возилото.

Друго

Избегнувајте прифаќање и комуникација со лажни профили. Особено тие со понуди што се премногу добри за да бидат вистинити

/


Како потенцијален купувач:

Како купувач, треба да бидете претпазливи кога барате да купите кола. Размислете за повеќе работи кога купувате користена кола. На пример, година на производство, поминати километри, опрема, сопственици, давачки што би ги плаќале и друго. Разговарајте со пријатели кои знаат повеќе за колите. Исто така можете да дискутирате за одредени модели во делот за коментари. Особено бидете внимателни со понуди кои се премногу добри за да бидат вистинити.

  • Проверете колку давачки ќе платите за овој автомобил
  • Побарајте тест возење
  • Никогаш не плаќајте однапред

Користење на податоци

  • Користењето на податоци е дозволено само за лична употреба на страната
  • Преземање на податоци од автоматизирани или мануелни софтвери е забрането

Одговорност

Ваша одговорност

  • Вие сте одговорен за сите податоци што ги внесувате
  • Кога објавувате оглас, и доколку не знаете некои информации што се потрбни, проверете ги другите исти огласи, и видете дали тоа ќе ви помогне. Дури и ако тоа не ви помогне, ве молиме контактирајте не, и ние ќе ви помогнеме со тоа
  • Кога контактирате некој преку контакт формата, обврзани сте да внесете точни податоци за вашето име, и е-пошта
  • Во случај да откриеме злоупотреба на системот, може да бидете банирани за понатамошно користење.

Наша одговорност

  • Се што е во наша моќ ќе искористиме за да бидете заштитен како наш клиент
  • Како што е кажано во "Заштита на податоци" , ние ќе ги заштитиме вашите податоци, и нема да ги споделуваме со трети страни
  • Не можеме да преземеме одговорност за погрешно внесени податоци од продавачите. Но, ќе реагираме доколку такви случаи се откриени
  • Да ја чуваме страната од лажни огласи, вируси или други штетни софтвери
  • Ќе соработуваме со полицијата во случај тоа да биде побарано од нас од нивна страна

Обврски

Не постојат строги врски помеѓу вас и Автоогласи. Освен за одговорностите и заштитата на податоците. Користењето на Автоогласи е по слободна воља. Доколку сакате, можете да го користите или не. За било какви несогласувања, ќе разговараме со вас


Достапност на страната

Ќе се обидеме да ја држиме страната онлајн цело време, но некогаш мораме да ја подобриме опремата, да ја надградиме страната, па затоа ќе има периоди кога страната нема да биде во функција


Е-пошта

Нема да ви праќаме непотребни емаил пораки или спам. Емаил пораки што може да ги добиете од нас се:

  • Откако ќе се регистрирате, ќе добиете е-пошта за потврда на регистрацијата
  • Во случај да ја заборавите лозинката, на ваше барање може да добиете нова
  • Доколку се зачлените на newsletter. Периодични промоции (Опционално)
  • Ако креирате потсетник да ве известува за нови огласи (Опционално)

Некои емаил провајдери се многу ригорозни кога се работи за автоматски пораки. Некогаш, нашите пораки можат да завршат во вашиот спам фолдер. Доколку не можете да ја најдете пораката во вашето сандаче, ве молиме проверете во спам фолдерот, а обележете ја пораката како не спам, за да избегнете понатамошно обележување на нашите пораки како спам, а исто така , да ни помогнете да направиме подобар систем


/

  • Како што е напишано погоре, ние не чуваме никакви податоци во во нашата база.
  • /
  • /

Права

  • Материјалите на веб сајтот (со исклучок на податоците на корисниците), се сопственост на Автоогласи, вклучувајќи го и кодот
  • Податоците ставени како огласи, слики се сопственост на продавачите
  • Поставување линк до нас е дозволено

Го задржуваме правото да ги менуваме правилата и условите. Последната промена е од 2018-05-01

Доколку не го најдовте тоа што ви треба, ве молиме Контактирајте не , и со задоволство ќе се обидеме да ви помогнеме